Нова мутација на коронавирусот откриена кај деца од Италија

Во детска болница во Трст е детектирана нова мутација на коронавирусот, откриена засега кај две девојчиња, пишува агенцијата „АднКронос“.

Според досега познатите информации, се работи за многу заразна мутација, која може да се пренесе и кај возрасни и потенцијално да предизвика повторна зараза дури и кај оние кои веќе ја прележале болеста или пак биле заразени, но не покажале симптоми.

Засега, овие два случаи се изолирани и нема други лица носители на оваа мутација.

„Најзагрижувачи е тоа што постои можност е дека мутациите на вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја поништат или намалат отпорноста на коронавирусот стекнат со вакцинација“, изјавила професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, кој ја водеше студијата.

loading...

Останати вести

Вакцинацијата ќе почне во среда со здравствените работници

admin

Милевски: Св. Еразмо станува современ центар за физикална терапија, обезбедивме средства за реновирање и нова опрема

admin

Заев: Граѓаните кажаа да за напредок на Штип и не за бојкотот и лагите

admin