Повеќе српски и хрватски медиуми, меѓу кои и Дневник.хр, ја објавија веста дека легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ починал на 68-годишна возраст.
Тој бил позитивен на коронавирусот и иако биле преземени сите медицински мерки, неговата состојба секој ден се влошувала. Тој прво се лечел во домашни услови, но откако симптомите се влошиле, бил примен во Инфективната клиника во Белград.
Пред две години тој преживеа инфаркт и подолго време беше во болница во Сремска Каменица, при што му биле вградени стентови.
Со децении Балашевиќ е омилен пејач, текстописец, поет, актер и режисер, а со својата кариера заслужено се стекна со епитетот легенда на бившите југословенски простори.
Тој неколкупати ги полнеше концертните сали во Македонија, а билетите за неговите настапи беа веднаш распродавани.