Повторно силен земјотрес во Петриње

Нов, силен земјотрес е почувствуван утрово, на 10 минути до 8 часот во областа на Петриња во Хрватска и околината, пренесува порталот Индекс. Од таму посочуваат дека истиот се почувствувал многу и во Загреб, а бил со јачина од 4,2 степени по Рихтеровата скала.

„На 4 јануари 2021 година, во 7 часот и 49 минути, сеизмолозите од Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа прилично силен земјотрес со епицентар кај Петриња. Јачината на земјотресот беше 4,2 степени според Рихтеровата скала, а интензитетот во епицентарот од V-VI степен на ЕМС-скалата. Земјотресот се почувствува во централна Хрватска“, соопшти Хрватската сеизмолошка служба.

Од земјотресот со јачина од 6,3 степени, кој ја погоди Хрватска на 29 декември, а во кој страдаа Петриња, Глина и Сисак, тлото не престанува да се тресе. Во овој земјотрес загинаа седум лица, многумина беа повредени, а беше предизвикана и огромна материјална штета.

loading...

Останати вести

Вело Марковски обвинет за трговија со културно наследство

admin

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

admin

Бајден и официјално избран за претседател: Ставот на Трамп е екстремен

admin