Познатиот рапер на тапет: Сопругата тврди дека со години е малтретирана

Пред неколку денови раперот Др Дре заврши во болница, поради сомнеж за мозочен удар или аневризма, но за кратко време се обрати до јавноста дека се чувствува добро.

Во меѓувреме, неговата сопруга Никол Јанг поднесе тужба за долгогодишно емоционално и физичко насилство, наведувајќи дека и во даден момент ѝ држел пиштол во главата и дека во изминатите 24 години живее во страв.

Таа се бори и за голем дел од богатството, кое Др Дре го стекнал додека биле во брак. Истовремено, тој се брани дека никогаш не бил насилен кон неа, на што Јанг само искоментирала дека тоа се очигледни лаги. Сопругата на раперот вели дека многупати пријавувала во полиција и дека за тоа постојат докази, кои целиот случај го вртат во нејзина корист.

Во своето сведочење изјавува дека стравот секојдневно растел и дека било тешко да ја напушти врската. Неодамна нејзиниот правен тим постигна спогодба за поделба на имотот во случај на развод и се очекува тој процес да се финализира наскоро.

loading...

Останати вести

Бијонсе донира за луѓе кои пандемијата ги остави во станбена криза

Elena Daskalova

Почина таткото на Дарко Лазиќ: Смртта ги смири скараните колеги

Elena Daskalova

Кај Адријана Лима ечи „Југословенка“ за Божик (ВИДЕО)

Elena Daskalova