Полицискиот час останува на сила, граѓаните незадоволни од мерката

Владата денеска одлучи дека полицискиот час од 22 навечер до 05 часот следното утро останува на сила до 6 април.

Тоа значи дека во овој период не е дозволено излегување и собирање на јавни површини, а според Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство и Владата, епидемиолошката состојба ќе покаже дали е потребно засилување на рестриктивните мерки.

Во меѓувреме, угостителските објекти и понатаму работат со полн капацитет до 21 часот, па токму овој факт предизвикува големо незадоволство кај граѓаните, кои сметаат дека апсолутно ништо не се постигнува со рестрикцијата полициски час од 22 часот.

Според многумина, токму доцна навечер било добар момент да можат да излезат и да се прошетаат и релаксираат, а оваа мерка не значи дека луѓето нема да се собираат во затворени приватни простории, станови, дворови, тераси и да го шират вирусот засилено.

Ваквиот став не наидува на слух кај одговорните, кои сметаат дека полицискиот час е добра мерка и дава резултати. Но, од друга страна, не може да се занемари фактот дека уште едни силни рестриктивни мерки можат целосно да ја срушат економијата и стопанството и да доведат до затворање на компании и скратување на работни места, што ќе резултира со невработеност и поголемо учество во сивата економија.

Најголем проблем, веќе цела година, и понатаму е личната одговорност на граѓаните кои не ги носат маските правилно, кријат дека имале контакти со потенцијално заразени лица, одбиваат тестирање, се однесуваат неодговорно во затворени простории и во возилата на јавниот превоз, па дури и одрекуваат постоење на коронавирусот, иако веќе илјадници лица ги загубија своите животи, а уште повеќе имаат трајни последици по нивното здравје откако го прележале вируот.

loading...

Останати вести

Жена го кршела владиниот автомобил кој го користи Груби

admin

Стигнува втората пратка вакцини од Србија

admin

Модерна уверува дека вакцината штити и од мутацијата на Ковид-19

admin