Полицијата од Пробиштип вчера го лишила од слобода А.Д.(20) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Како што соопшти МВР, вчера од страна на полициски службеници од ОВР Пробиштип, во координација со полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во СВР Штип, а по добиена судска наредба, извршиле претрес во дом и други простории на две локации во Пробиштип во кој престојува А.Д.(20) од Пробиштип, при што пронајдени и одземени биле: марихуана, амфетамин, 5 малокалибарски куршуми, 5 празни рамки за автоматска пушка, тромблонски додаток за автоматска пушка, воздушна пушка марка „кандар“ калибар 5,5 мм и 200 дијаболи за воздушна пушка.
Од таму додаваат дека се работи на документирање на случајот, по што против А.Д. ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.