Почина дизајнерот Пјер Карден

Легендарниот дизајнер Пјер Карден почина денес, на 29 декември, на своја 98-годишна возраст, оставајќи зад себе незаборавни модни колекции и одбележувајќи една голема и важна модна ера.

Тој беше француски дизајнер, кој е роден во Италија, а неговите дизајни се познати по тоа што беа наменети и за широките народни маси, со врвен квалитет, но често многу подостапни и за луѓето со средни примања, споредено со другите брендови. На модата тој ѝ посвети цели седум децении од својот живот, пркосејќи им на трендовите и зачувувајќи ја модерната класика во своите линии.

Покрај облека, Пјер Карден дизајнираше и парфеми, обувки, модни додатоци и пенкала. Како што пренесува агенцијата Франс Прес, тој починал во болница, а веста за неговата смрт ја соопштило најблиското семејство.

Уште кога бил дете, неговото семејство се преселило од Италија во Франција, бегајќи од тамошниот фашизам, во потрага по подобри услови. Многупати на Карден му велеле дека треба да е поотворен кон новите трендови и високата statement мода, но сепак, тој до крајот на својот живот беше сигурен дека неговиот класичен пристап всушност толку долго го одржа на високото место во модниот свет.

loading...

Останати вести

Новата потпретседателка на САД на насловна страница на Vogue

Elena Daskalova

„Пукна“ познатиот пар: Што ќе прави Канје Вест после разводот?

Elena Daskalova

Пандемијата ништо не им може: Канје и Кајли – најплатени за 2020

Elena Daskalova