Рано утрово, екипи на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започна со расчистувањето на остатоците од пожарот во струмичкиот Трговскиот центар Глобал.
Во расчистувањето се вклучени 70 вработени, машини за чистење, како и возила за подигање на смет.
Расчистувањето би требало да заврши до петок, а потоа ќе се започне со санација на опожарениот дел од Трговскиот центар.
Во големиот пожар, беа зафатени повеќе дуќани, но и голем дел од пазарот кој се наоѓа во Глобал.
loading...