Предизвика ли Мијалков криза во владината коалиција?

Коалициона криза или мало „раздрмување“ во владата – Што предизвика бегството на Сашо Мијалков е прашањето што во моментов се поставува, откако политичарите изјавија незадоволство што на системот му избега уште еден обвинет во случаите на поранешното Специјално јавно обвинителство.

Одговорноста која ја најави премиерот Зоран Заев се бара на неколку места – Обвинителството, МВР и судството, а за случајот утрово имало бурна расправа и во владата, каде Заев ги свикал можните одговорни и им најавил дека доколку не се најде Мијалков, ќе има разрешувања.

Можната владина криза ја најави и лидерот на Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, чија партија е во коалиција со владејачката СДСМ. Тој во „Студио 10“ на Телевизија 24 рече дека најодговорна за бегството е Владата, бидејќи треба институциите да функционираат, а ако тие не функционираат, ако нема координација.

„Многу е лошо да се прогнозира, институциите ги имаат сите средства, располагаат со современи средства за следење. Требаше досега јавниот онвинител да отвори истрага, Судот да види дали имало пропусти, МВР треба да се преиспита, Владата да формира работна група со експерти – инаку нема кој, сите институции се партиски. Добра анализа треба и за евентуална политичката одговорност да расправа парламентот. Јас да бев прв човек на полиција немаше да избега, 100%. Има механизам има луѓе, силната партизација ја изеде државата“ , рече Трајанов.

Вчера пак, ЛДП најави дека нивните пратеници Моника Зајкова и Боби Мојскоски ќе делуваат како независни пратеници во Собранието, но се уште останува поддршката на владејачкото мнозинство и владата, чиј дел е и лидерот на партијата, Горан Милевски, кој пак е министер за локална самоуправа.

Од владејачката ДУИ засега има само молк. Од таму не посочуваат дали тие како дел од владата и владиното мнозинство ќе побараат одговорност од институциите.

loading...

Останати вести

Заев за Мијалков: Го притиснавме, немаше друг избор освен да се предаде

admin

Во февруари пристигнува првата доза од Фајзеровата вакцина против Ковид-19

admin

Борисов: Се надевам дека идната година ќе најдеме заедничко решение

admin