Прикриената депресија не е шега: Еве какви симптоми предизвикува

Некои нешта во нашето тело се случуваат без да предизвикаат видливи симптоми. Но, некои состојби можат да создадат физички симптоми, за кои вие немате идеја од каде се појавиле. Но, тие често се поврзани со менталната состојба.

Поради стереотипите луѓето се оневозможени целосно да ги препознаат и перцепираат симптомите на депресијата, а владее и она верување дека ако не сте на работ на провалија и плачете, размислувајќи таму да се фрлите, тогаш не е депресија.

Вистината, всушност е многу поинаква. Депресијата е опасна затоа што луѓето не се научени да ја препознаат, но и се изложени на осуда и неретко потсмев доколку претпостават дека ја имаат.

Симптомите на депресијата се невидливи, но често имаат и физички манифестации кои може да ве натераат да размислите околу вашата психолошка состојба.

  1. Изостанок на месечниот циклус кај жените – доколку се исклучени сите гинеколошки фактори, а сепак никако да го добиете вашиот месечен циклус, размислете дали неодамна сте претрпиле стрес кој предизвикал депресивна состојба, макар и на еден ден. Стресот ги изместува хормоните, па можеби тука лежи одговорот на вашиот изостанок на месечниот циклус.
  2. Паѓање на косата – забележано е дека при состојба на депресија косопастот е поинтензивен од оној нормалниот. Ако забележите дека ви паѓа косата, а претходно сте биле изложени на психофизички удар, можеби се работи за депресија.
  3. Проблеми со варење – дигестивните проблеми често одат рамо до рамо со психичките. Доколку имате мачнини, промена во апетитот, лошење или други симптоми на стомачен вирус или труење (а сте сигурни дека не се предизвикани од вирус или труење), повторно преиспитајте се дали нешто влијаело врз вашата ментално здравје, што би можело да предизвика стресна или депресивна состојба.
  4. Главоболки – главоболките поврзани со менталните проблеми и состојби често траат и по неколку дена, а не помага ниту еден лек што го земате. Доколку чувствувате непрекината главоболка извесен период, а сепак лекарските наоди се добри, проверете дали вашето психичко здравје е во ред.
  5. Покачување на тежината – намалена волја за физичка активност, а зголемена желба за зачинето, солено, благо и мрсно, симптоми кои ако не се ПМС (кај жените), може да укажат за благо (но и посериозно) нарушување на психичката состојба. Не плашете се да побарате помош, можете само да си направите добро, да го сочувате и менталното здравје, но и здравиот изглед на телото.
loading...

Останати вести

На денешен ден пред години ставен крај на династијата Романови

Elena Daskalova

Три нешта кои предизвикуваат анксиозност

Elena Daskalova

Кое е значењето на вториот ден Божиќ?

Elena Daskalova