Продолжува седницата за спорот меѓу Владата и Макпетрол

Собранието денеска треба да ја продолжи расправата по Предлог законот за решавање на спорот помеѓу Владата и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка. Пратениците по оваа точка расправаа во петокот и ноќта меѓу петок и сабота, а по повеќе од дваесет часа, во 6 часот наутро, седницата беше прекината.

Ова законско решение предвидува да му се признае на Макпетрол сопственост на 50 отсто од гасоводот во земјата и да му се исплати цена од 33 милиони евра.

Во текот на расправата пратениците од опозицијата со говори, реплики и контрареплики се обидуваа да го спречат донесувањето на овој закон. Тие сметаат дека предложеното законско решение е еден од серијата закони што ја убиваат правдата и ги прекршуваат основните начела на правото.

Во расправата, во реплика, министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека треба да се прави разлика помеѓу номиналната и актуелната вредност на секое АД и додаде дека во 2006 година кога била основано АД ГА-МА номиналната вредност била 1500 денари за акција, а сега во моментов е 12 500 денари.

loading...

Останати вести

МВР ќе бара притвор за крадците марихуаната од Јосифово

admin

Нови 811 случаи на коронавирус и 22 починати за 24 часа

admin

МОН: Со новата концепција наставата ја доближуваме до современите образовни системи

admin