Рама: Најлошото со пандемијата помина

Албанскиот премиер Еди Рама е убеден дека најлошото со пандемијата на коронавирусот поминало.

„Верувајте ми, го оставивме најлошото зад нас, го имаме најдоброто пред нас. Албанија се насмевнува“, истакна Рама.

Во меѓувреме и податоците на Министертвото за здравство и социјална заштита потврдуваат намалување на бројот на новозаразени во првите два дена од оваа година.

Во изминатите 48 часа направени се 2.883 тестови, при што позитивен резултат е добиен кај 675 лица, што е 23,4 отсто од тестираните. Истовремено, борбата со опасниот вирус ја загубија девет пациенти. Во списокот на оздравени се внесени 719 лица додека во четирите ковид болници се третираат 293 паценти, 21 на интензивна терапија, од нив петмина се интубирани.

Премиерот Рама во петокот информираше дека се обезбедени првите 500.000 дози на вакцината од компанијата Фајзер, а првите 10.750 вакцини од овој договор ќе пристигнат на почетокот на третата недела од јануари. Прво, рече тој, ќе бидат вакцинирани здравствените работници во Албанија, како и оние во ковид болницата во Приштина.

loading...

Останати вести

Бугарија од секоја пратка ќе донира вакцини против коронавирус за Македонија

admin

Заев за Глобал: Државата ќе ги види сите механизми за финансиска помош

admin

Казнети 439 лица кои не носеле маски

admin