Руски дипломати со железничка количка се враќаат од Северна Кореја (ВИДЕО)

На каналот Ruptly се појави видео од руски дипломати кои заедно со своите семејства ја напуштаат Северна Кореја на необичен начин, кој никој не го очекува кога се дипломати во прашање.

„Бидејќи границите се затворени повеќе од една година и сообраќајот на патници е запрен, персоналот на руската амбасада во Северна Кореја и членовите на нивните семејства тргнаа на долг и тежок пат кон дома“, нашишаа од руското министерство во изјава на Фејсбук. На видеото се гледа дека железничката количка е рачно управувана.

Групата патувала 32 часа со воз и два часа со автобус од Пјонгјанг до руската граница, а потоа се качи на железничката количка и поминале околу еден километар преку границата со Русија, наведува агенцијата АП.

Претставници на руското министерство ги пречекале дипломатите со нивните семејства на станицата од руска страна, а групата потоа патуваше со автобус до аеродромот во Владивосток.

Северна Кореја тврди дека во земјата нема коронавирус, но ги затвори своите граници и го запре сообраќајот на патници со други земји.

loading...

Останати вести

Вучиќ: Знам кој ме прислушува

admin

Српскиот епидемиолог Кон по вакцинацијата: Се чувствувам целосно нормално

admin

Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

admin