Северна Кореја бара вакцини против коронавирус иако нема пријавено активни случаи

И покрај тоа што тврди дека нема ниту еден потврден случај, Северна Кореја побара вакцина против коронавирусот од Глобалниот сојуз за вакцини кој им помага на земјите во развој да го зголемат пристапот до имунизација, објави „Волстрит журнал“.

Од сојузот пак, нема никакво соопштение во врска со барањето на оваа земја да добие вакцини против коронавирусот.

Инаку, сојузот во кој членува и Северна Кореја, има потпишано договор со „Астра зенека“ за 170 милиони вакцини против коронавирусот и меморандум за разбирање со „Џонсон и Џонсон“ за 400 милиони дози.

Во меѓувреме, режимот на Ким Џонг-ун демантираше дека има случаи на коронавирус и покрај тестирањето на илјадници сомнителни случаи, за кои многумина се сомневаат.

Иако до сега се тестирале илјадиници, Северна Кореја нема пријавено позитивен случај. На почетокот на пандемијата пак, кинеските медиуми објавија дека околу 200 севернокорејски војници починале од коронавирус, како и дека илјадници други биле ставени во карантин.

Земјата влезе во карантин уште во јануари минатата година, односно го забрани меѓународното патување, а мерките вклучуваат и егзекуција на службеници кои ќе ги прекршат карантинските правила.

loading...

Останати вести

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка

admin

Вучиќ: Домашните ме пислушуваат, тоа е обид за државен удар

admin

Приведени двајца угостители во гостиварско, објектите им работеле по 18 часот

admin