Секси играчките веќе не се табу меѓу луѓето

Последниве 12 месеци направија илјадници промени во животите на луѓето, особено од моментот кога се прогласи глобална пандемија, па сè досега.

Многумина открија свои страни кои дотогаш не ги знаеле, на пример нови таленти, креативност, готвење, а некои беа поотворени кон прифаќање на својата сексуална страна и желбата да експериментираат со похрабри избори, па дури и со секси играчки и други слични помагала.

Покрај пандемијата, постојат и други причини поради кои ова веќе не е табу тема, меѓу кои и:

Луѓето се поедуцирани и поеманципирани

Живеењето во 2021 година не остава простор за табуа поврзани со личните избори на некој друг. Сексуалноста не е нешто од кое што треба да се срамиме, напротив, таа е причина што денес сме сите тука и сме опстанале како вид.

Зачин на сексуалниот живот

Некогаш нештата стануваат здодевни, па не е лошо да се додаде малку возбуда во спалната соба, за дополнителна стимулација, па дури и откривање на нови желби, фантазии и фетиши меѓу вас и вашиот партнер.

Стануваме посвесни за уживањето во сексот

Сексот е уживање и задоволство, а не само потреба за размножување и одржување на човештвото. Секој од нас треба да е фокусиран на она што го задоволува и го прави среќен, без да размислува дали некој друг тоа го одобрува или не.

Социјалното дистанцирање си го направи своето

Сакале ние или не, во нашата природа е да посакуваме сексуални контакти. Но, со социјалното дистанцирање, сепак не остана многу избор, па многумина ги разбраа и добрите страни на мастурбирањето и користењето играчки за самозадоволување.

loading...

Останати вести

Вреди ли втората шанса после раскинувањето?

Elena Daskalova

Светот се соочува со недостиг на чипови за смартфони и лаптопи

admin

Зимски промени што се случуваат во вашето тело

Elena Daskalova