Се намалува бројот на новозаразени и позитивни во Македонија

Ковид-статистиката за Македонија покажува дека во моментов има 18.046 активни случаи со коронавирус од кои 10.840 се од Скопје. Како што посочува Институтот за јавно здравје, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 889 пациенти заболени од Ковид-19.

За периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година се бележи намалување на бројот на нови позитивни случаи, на починати, како и на бројот на тестирани на коронавирус во однос на неделата пред неа.

Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје, односно 46,6 отсто. Процентот на позитивни од тестирани случаи на Ковид-19 изнесува 21,6 отсто, намалување од 4,1 отсто. Во истиот период биле пријавени 93 починати од 22 града, со намалување од 27,9 отсто.

За 17,9 отсто е помал бројот на тестирани на коронавирус. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, за оздравени се водат 3884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, а на починати 2559.

loading...

Останати вести

Италија на прво место по смртност од Ковид-19 во Европа

admin

Анекс на Договорот со ТАВ, парите се пренаменуваат за 99 проекти за 75 општини

admin

Обложувалниците нема да служат пијалоци после 18 часот

admin