Се распаѓа мостот на патниот правец кој ги поврзува селата Умлена и Чифлик во Пехчево

Се распаѓа мостот на патниот правец кој ги поврзува селата Умлена и Чифлик во Пехчево. Жителите револтирани бараат да се оствари најавата за негова санација, бидејки како што велат мостот во секој момент може да се сруши.

-Околу шест месеци движењето по овој оштетен мостот преставува опасност како по учесниците во сообраќајот така и по населението. Поради топењето на снегот мостот пропаѓа и прашање на време е кога ќе се сруши, вели Димче Беќарски, жител на селото.

Мостот е изграден далечната 1975 година, но проблемот според Беќарски е што при неговата изградба не се користела арматура, поради што како што додава е потребна итна негова реконструкција.

Од локалната самоуправа во Пехчево информираат дека се запознаени со случајот. Во нивниот одговор се вели дека документацијата е подготвена и дека многу скоро поправката на мостот ќе биде извршена.

Мештаните во својата реакција бараат и рехабилитација на патниот правец од село Чифлик кон село Умлена, ветување кое според нив се уште не е остварено од страна на локалните власти.

loading...

Останати вести

(ВИДЕО) Мицкоски: Лидерска средба веднаш, заеднички да ја градиме Македонија

admin

Мицкоски: Викаа имало режим, пола од таа влада сега се во оваа влада

admin

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка

admin