Совет на амбасадори: Модернизирање на ЕУ, „консензус минус еден“

Советот на амбасадори преку соопштение до јавноста истакнува дека со внимание го следи процесот на одлучување во ЕУ за официјализирање на почетокот на преговорите со РС Македонија и за датумот на првата Меѓувладина конференција. 

Од таму изразуваат големо разочарување што во моментов се блокирани пристапните преговори заради непринципиелните ставови на Република Бугарија. 

Ваквите позиции на официјална Софија, според Советот на амбасадори, јавноста предизвикуваат и силна осуда, особено заради фактот дека блокадата на нашите евроинтегративни процеси доаѓа од само една земја-членка, и тоа од непосредното опкружување.

„Ние ја препознаваме суштината на значењето на членството на нашата земја во ЕУ заради сопствените потреби за побрзо имплементирање на високите стандарди и критериуми на Унијата во сите области на животот и работата кај нас, но и заради геостратегиските и развојни перспективи на целиот регион на ЈИЕ. Унапредувањето на добрососедските и на регионалните односи се суштински дел на евро-интегративните процеси“, велат од таму.

Советот на амбасадори нагласува дека и во својата идна активност ќе ја афирмира оваа високо поставена цел на политичката агенда на нашата земја и особено ке ја поттикнува идеата за модернизирање на механизмот на одлучување во Европската Унија , врз принципот „консенсус минус еден”.

„Разновидноста на земјите-членки, создава реални можности, процесот на одлучување и за други важни прашања од структурен и организационен каракатер за функционирање на Унијата, да се соочи со сериозни проблеми врз постоечките принципи во ЕУ, како што овој декември тоа и се случи на РС Македонија со блокадата од страна на само една земја-членка“, велат од Советот

loading...

Останати вести

Мијалков од денеска во домашен притвор под аудио и визуелен надзор, потреницата сѐ уште стои

admin

Тодоров: Настаните од 27 април им нанесоа штета на сите, некому физички, некому политички

admin

Иницијаторите за вонреден Конгрес го повикаа Мицкоски да се соочи со делегатите на 28 март

admin