Познатиот српски рапер Раста кој неодамна излезе од затвор, сега живее во луксузен стан во Белград, но неговите соседи немаат мир поради него.
Како што наведува српски „Курир“, некои од нив изјавиле дека иако ретко го гледаат, тогаш кога ќе го видат постојано е со некои сомнителни луѓе, а поради тоа соседите се вознемирени и се плашат за својата безбедност. Тие се повикуваат на фактот дека тој бил во затвор, а откако излегол, никогаш не е сам дома, иако неговата поранешна сопруга не ја виделе да доаѓа.
Други соседи пак, го сметаат за културен и пристоен и разговараат кога ќе се сретнат, иако тоа се случува ретко бидејќи тој ја користи паркинг-гаражата и лифтот за да отиде дома.
Сепак, поголемиот дел од нив се согласуваат дека сакаат да продолжат со мирен живот и дека би им пречело доколку се случуваат проблеми поради однесувањето на Раста.