Спасовски: Ги отфрлам шпекулациите за некакви договори, активно трагаме по Мијалков

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека Министерството за внатрешни работи активно работи на пронаоѓањето на првообвинетиот во Таргет-Тврдина, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков.

„Вчера се извшрени информативни разговори со 10 лица од семејството и обезбедувањето, а денеска се вршат разговори со други лица блиски до бегалецот и лица кои е можно да му помогнале во бегството. Обезбедени се телефони и документи, снимачи од згради и објекти, снимките од „безбеден град“. Ги отфрлам сите можни шпекулации за некакви договори. МВР активно работи на пронаоѓањето на бегалецот и негово носење пред лицето на правдата“, рече Спасовски.

Тој хронолошки ги презентираше информациите кои ги разменувале со Обвинителството, како и следењето на Сашо Мијалков. Според него, околу 15:30 часот од „Мериот“ излегле три возила, но не можело да се види дали во нив е Мијалков.

„Околу 21:30 часот е утврдено дека Мијалков не е таму. Потоа се претресувани три стана, сопственост на Мијалкови, како и уште еден објект. Ќе продолжиме со сите расположливи средства да трагаме по бегалецот. Имаме обврска да го пронајдеме бегалецот. Имаме обврска да ги кажеме овие информациите. Граѓаните бараат правда и правдата мора да се обезбеди, а таа ќе се обезбеди преку функционирање на системот и преземање мерки кои ќе ги спречат ваквите работи“, рече Спасовски.

loading...

Останати вести

Обложувалниците нема да служат пијалоци после 18 часот

admin

Приведен вевчанец за закани со убиство кон Заев и Пендаровски

admin

Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

admin