Според проценките на МВР, Мијалков се уште е во Македонија, приведено е едно лице поврзано со бегството

Анализите и проценките на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека Сашо Мијалков не избегал надвор од државата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Ако знаевме каде е Мијалков, тој веројатно до сега ќе беше во притвор, меѓутоа според сите информации и анализи, тој се уште е во Република Северна Македонија и работиме на негово пронаоѓање“, рече Спасовски.

Тој кажа дека последниот визуелен контакт е остварен во 14:30 часот во подземните гаражи на хотелот „Мериот“, а подоцна возилата се упатиле кон улицата „Тодор Александров“.

„Имаме приведено лице и денеска се повикуваат лица од кои можат да се одбијат одредени информации кои може да бидат релевантни информации. Лицата дадоа информации, а истите ќе се споделуваат со релевантните информации кои ја спроведуваат истрагата“, рече Спасовски.

Според министерот, одговорноста мора да се бара секаде и некој да поднесе одговорност, додавајќи дека постојат двојни аршини во постапувањето кон криминалците од повисок профил.

„Моите информации говорат дека двајцата обвинители кои го работат случајот побарале дозвола од нивните претпоставени да побараат притвор за Мијалков, но сепак тоа се мои информации. Не сакам да прејудицирам ништо, тоа треба да го покаже истрагата. Обвинителите во петокот, кога имаше завршни зборови, имале информација дека е можно да бегство на Мијалков и ја пренеле на член од владата“, нагласи Спасовски.

На новнираското прашање зошто утрово во владата имало средба и на високи тонови премиерот Зоран Заев барал одговорност за бегството на Мијалков, министерот нагласи дека разговори за ваквите случаи не треба да се водат во кафеани или ресторани, туку во владата, без да даде повеќе информации за што се разговарало на состанокот.

„Жртва да бидам на еден криминалец за кој што знаеме како да работел претходно, нема да се лучи. Тој треба да се однесе онаму каде што му е местото“, додаде Спасовски.

loading...

Останати вести

Младите во Албанија повторно на протести

admin

Спасовски со апел: Анонимно пријавете журка на 0800-00-201

admin

Брнабиќ, Кишиќ и Кон примија вакцина, почна имунизацијата во Србија

admin