Србија ќе им го зголеми работното време на кафулињата

Кафулињата и рестораните ќе можат да работота подолго, но без музика, со оглед на тоа дека трансмисијата на вирусот е значително поголема кога луѓето зборуваат погласно, поопуштени се и доаѓа до полесно пренесување на вирусот, смета Др. Бранислав Тиодоровиќ по седницата на Кризниот Штаб.

Оваа одлука на Штабот е предлог кој денес ќе биде проследен до Владата на Србија, а која веќе во текот на денот на седница би можела да го усвои овој предлог.

Тоа би значело дека ова ново работно време би можело да се примени веќе од утре. Во петок е закажана нова седница на Кризниот штаб.

Инаку, работното време на кафулињата и рестораните, трговките центри, услужните дејности, како фризери и козметичари, како и сите продавници освен прехранбените, сега е до 17 часот, а за викенд сите објакти се затворени.

„Навистина дојде до благ пад на бројот на новозаразени, но само благ. Имаме и помал број на луѓе во ковид болниците. Исто така дојде до помал број на прегледи во ковид амбулантите. Од тие бројки зависат и понатамошните одлуки“, рекол Тиодоровиќ.

Од денеска пак, за влез во Србија е задолжителен негативен ПЦР тест.

loading...

Останати вести

(ВИДЕО) Со спектакуларен огномет, Австралија влезе во 2021 година

admin

Оздравените даруваат конвалесцентна плазма, третирани стотици пациенти

Elena Daskalova

Вучиќ: Немаме друга намера освен да помогнеме на македонскиот народ

admin