Србија ќе почне со производство на руската вакцина „Спутник V“

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави, а руските претставници денеска потврдија – Србија има капацитет да почне да ја произведува и дистрибуира руската вакцина „Спутник V“ против коронавирусот.

Разговорите официјално ќе почнат утре, откако денеска експертите разговараа со министерот без ресор задолжен за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ. Тој, заедно со претставниците на белградскиот институт „Торлак“ и рускиот амбасадор во Србија кажа дека за полн циклус на производство се потребни девет до десет месеци.

„Ние во Србија очекуваме за првата фаза која би вклучила транспорт на супстанците неопходни за производство на вакцината, за полнење на вакцината, пакување и дистрибуција на истата, постојат технички можности. Секако, тоа треба да го кажат експертите“, рече Поповиќ.

Русите пак, по темелни проверки, проценија дека Србија има услови да ја произведува „Спутник V“. 

Доколку склучат договор, соседна Србија ќе биде првата земја во Европа што произведува вакцина. Руските експерти велат дека првата фаза ќе трае меѓу два и три месеци, а целосниот циклус на производство, како што кажа и министерот Поповиќ, ќе трае меѓу девет и десет месеци.

loading...

Останати вести

Собранието го усвои Буџетот за 2021 година

admin

Бугарија од секоја пратка ќе донира вакцини против коронавирус за Македонија

admin

Србија ќе даде 8000 вакцини Фајзер за Македонија

Elena Daskalova