Тодоров: Настаните од 27 април им нанесоа штета на сите, некому физички, некому политички

Ексминистерот за здравсто, актуелен исклучен член на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, сведочеше за организацијата на 27 април, каде обвинети се Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Владимир Атанасовски.

Според него, настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалуција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, рече Тодоров.

Тој сведочеше за случувањата во законодавниот дом и дека добил повик од министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која тогаш беше пратеничка, а која го информиралата дека тие се наоѓаат во прес салата и дека има едно лице убиено.

„Веднаш се јавив кај директорката на Итната медицинска помош која испрати екипа, но истата не можеше да влезе во Собранието. Јас се обидов да се симнам и да ги внесам, но бевме истуркани и не успеавме да стигнеме до прес салата. Се упативме во една од канцелариите во Собранието, мислам дека беше на обезведувањето, и тогаш започна акцијата на полицијата. Прва интервенција беше врз полицаец кој беше повреден од шок бомба. Потоа јас се качив на трети кат и го барав Села заедно со двајца доктори”, сведочеше Тодоров.

Ексминистерот истакна дека од овој настан има многу трауми, но дека ВМРО-ДПМНЕ со крвавиот упад има изгубено помеѓу 70.000 до 100.000 гласови, нагласи Тодоров.

loading...

Останати вести

Научна студија: Ковид-19 е трипати посмртоносен од обичниот грип

admin

Санкционирани сопственици на локали во Аеродром и Карпош, работеле по 18 часот

admin

Србија ќе даде 8000 вакцини Фајзер за Македонија

Elena Daskalova