Традиционален вкус: Рецепт за Васина торта кој не можете да го згрешите

Васина торта е десерт кој опстанал долги години во традицијата и често се смета дека е комплицирана за правење во домашни услови. Но, овој рецепт ќе ве увери дека ако вложите доволно време и труд, сепак ќе успеете да ја направите без грешка и да имате највкусна торта за претстојните празници.

За кората:

5 јајца
5 лажици шеќер
6 лажици мелени ореви
Една лажица брашно

За филот:

200 гр мелени ореви
100 мл млеко
100 гр шеќер
4 жолчки
4 лажици шеќер
Еден портокал
100 гр чоколадо
250 гр несолен путер

За шлаг:

4 белки
250 гр шеќер

Подготовка:

Од петте јајца за кора одвојте ги жолчките од белките. Изматете ги белките со шеќерот, и додека матите, додавајте ги жолчките, оревите и брашното. Излејте ја содржината во калап за печење (најдобро би било со пречник од 26 сантиметри, за да не биде претенка) и печете во загреана рерна од 200 степени Целзиусови и намалете на 180 по некое време.

За филот, загрејте го млекото и додадете го шеќерот. Со загреаната смеса попарете ги мелените ореви. Изматете 4 жолчки со 4 лажици шеќер и варете на пареа. Изматете го путерот, додадете ги попарените ореви, па кремот од жолчки, исцеден сок од еден портокал, изрендана кора од еден портокал и 100 гр стопено чоколадо.

Шлагот ќе го подготвите на начин што ќе направите шербет од 250 гр шеќер со 150 мл вода. Изматете ги белките и додавајте по малку од шербетот, па матете додека не добиете конзистентна маса.

Врз кората прво нанесете го филот со ореви и премачјакте со шлагот од белки.

loading...

Останати вести

Зошто не смеете целосно да ги исклучите јаглехидратите од исхраната?

Elena Daskalova

Прикриената депресија не е шега: Еве какви симптоми предизвикува

Elena Daskalova

Време е да ги фрлите! Бескорисни нешта кои со години ги чуваме

Elena Daskalova