Утре почнува вакцинацијата на медицинскиот персонал

Министерството за здравство се подготвува за вакцинацијата, која треба да почне утре со првите 4.680 дози од Фајзеровата вакцина, донација од соседна Србија.

Засега се знае дека тимовите во Модуларната болница, сместена во компелксот клиники „Мајка Тереза“ ќе работи во две смени, од 8 до 20 часот, како и дека ќе има пет вакцинални позиции, но не се знае дали со првата доза ќе се вакцинираат сите 4.000 пријавени за вакцинација, или пак прво оние 2.000 од Скопје, а потоа, откако ќе стигнат дополнителните 3.320 вакцини, ќе се вакцинираат и медицинските лица од внатрешноста.

Не се знае ниту дали во среда прв ќе ја прими вакцината од Фајзер министерот за здравство, Венко Филипче, кој пак рече дека ќе се вакцинира прв, за да даде пример на граѓаните.

loading...

Останати вести

За една недела против коронавирус се вакцинирале 138.000 лица во Велика Британија

admin

Казнети 697 лица за неносење маска

admin

Бугарски фалсификатори го користеле Силвестер Сталоне како пример за изработка на лажни пасоши

admin