Фајзер изработува вакција против Ковид-19 која не мора да се чува на -70 степени

Додека целиот свет чека одобрување за првата вакцина против коронавирусот, компанијата „Фајзер“ веќе посветено работи на втора вакцина. Како што објавија од компанијата, овојпат се обидуваат да изработат вакцина која ќе може да се чува во обичен фрижидер, додека, пак, првата вакцина мора да се чува на температура од -70 степени Целзиусови и тоа бара многу труд и пари.

На настанот кој вчера го приредила Меѓународната федерација на фармацевтски произведувачи и здруженија, извршниот директор на компанијата „Фајзер”, Алберт Бурлас, открил дека во тек е работа на вакцина која нема да мора да се чува на вака екстремно ниски температури.

– Работиме на нова композиција која ќе може да избегне чување на -70 степени и ќе може да се чува во обичен фрижидер – изјавил Бурлас.

loading...

Останати вести

Грашковска: Да се почитуваат мерките за време на празниците

admin

Битиќи: Угостителите за свадби не се ставени во ист кош со другите

admin

На првиот ден од 2021 година, казнети 509 возачи за брзо возење

admin