Хијалуронска киселина – како се користи и дали воопшто ви е потребна?

Во екот на популарноста на грижата за кожата на лицето, позната како „скинкер“ рутина, една од состојките која често се спомнува е токму хијалуронска киселина, за која многу често слушаме.

Неа ја имаме природно во нашето тело, но како што одминуваат годините, нивото опаѓа. Типично за неа е што молекулата е хидрофилна, што значи дека може да „врзе“ многу вода, што дава дополнителна хидратација на кожата и го одржува младиот изглед, притоа давајќи хидратација и свежина.

Она што е многу важно да го запазите е нанесувањето. Ако ја ставате на сува кожа, може дополнително да ја исуши. Но, со нејзиното ставање на влажна или тонирана кожа, серумот со хијалуронска киселина одлично ќе ја задржи водата и е ја внесе во длабинските слоеви на кожата, обезбедувајќи ја потребната хидратација.

Ако ја ставите на сува кожа, молекулите на хијалуронската киселина ќе ја привлечат влажноста од кожата, па наместо навлажнување, ќе постигнете дехидрирање, а може да се појават дури и делови од кожата каде таа ќе се лупи.

Секако, последниот чекор е „заклучувањето“ на хијалуронот во вашата кожа. За да не испари по само неколку часа, врз неа нанесете хидратантен крем или пак масло за нега, доколку го користите. На овој начин давате завршен слој на вашата нега и го постигнувате саканиот ефект.

loading...

Останати вести

За празниците подгответе Панетоне, познат новогодишен колач (РЕЦЕПТ)

Elena Daskalova

Швајцарска железница од која ќе ви се стегне стомакот

Elena Daskalova

Секси играчките веќе не се табу меѓу луѓето

Elena Daskalova