Шекеринска: Прашањето е кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска смета дека не се работи за превид, туку очигледно е дека некој ја споделил информацијата со Сашо Мијалков дека за него се бара притвор со цел да не избега од Македонија.

„Ова не е превид, туку очигледно дека некој од малкутемина што знаеле ја споделиле таа информација со човекот што требаше да се соочи со правдата. Пред ова бегство ниту извршната власт ниту правосудните органи нема да затворат очи“, рече Шекеринска.

Според неа, Владата ќе бара одговорност од оние кај кои има пропусти за овој случај.

„Ќе бараме одговорност, бидејќи веќе прашањето не е како да се обезбедат луѓето што бегаат од правдата да се соочат со правдата, а организаторите да одговорат, туку кој го информирал Мијалков и го обезбедил неговото бегство“, рече Шекеринска која смета дека виновниците треба да имаат и кривична одговорност.

Амбасадорката Кејт Мери Брнз, која беше присутна на настанот со министерката пак, посочи дека нема што да додаде со случајот, но дека ги следи случувањата и изрази благодарност на Владата што ги споделува сите информации со неа.

loading...

Останати вести

МОН: Нема да се брише ниту менува содржината од предметот историја

admin

Повторно силен земјотрес во Петриње

admin

Уништениот систем за прислушување вредел 1,4 милиони евра

admin