Јанкулоска: Со Миле јадевме и пиевме на 27 април, немаше ништо невообичаено

Спроведена од затворот Идризово, каде ја издржува затворската казна за незаконската набавка на Мерцедесот наменет за избеганиот експремиер Никола Гуревски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска сведочеше за крвавиот упад во Собранието на 27 април.

Таа вели дека неа не и се познати одлуки на партиските органи поврзани со протестите кои завршија со упад во Собранието.

„Не ми се познати такви одлуки кога јас сум присуствувала на седниците, а од записниците не сум забележала таква одлука“, сведочеше Јанкуловска.

Таа посочи дека на 27 април била во својата канцеларија во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а веднаш до неа се наоѓала и канцеларијата на Миле Јанакиевски.

„Со Миле неколку пати во текот на денот јадевме и пиевме и разговаравме на теми кои тогаш беа од наш интерес, во партијата ништо не се случуваше невообичаено. 27-ми април остави траги кај сите нас, јас во 17 часот се заминав од партијата и отидов дома, подготвив ручек и на телевизија видов што се случува, тогаш една ТВ емитуваше во живо од внатрешноста на Собранието”, рече Јанкуловска.

Таа кажа дека немала никаква комуникација со Спиро Ристовски, ексминистерот за образование, кој исто така е обвинет за органицација на крвавиот 27 април.

loading...

Останати вести

Шилегов под лупа на антикорупционерите

admin

„Бентлито“ на плоштад отвори прашање – Доволни ли се казните од 45 евра за дивеење?

admin

Захариева: Спорот ќе се реши кога ќе се смират страстите

admin