Ќе се реконструира убиството на матурантот Ангел од Ѓорче Петров

Основниот кривичен суд донесе одлука во наредниот период да се направи реконструкција на немилиот настан од 2014 година, кога во Ѓорче Петров, во близина на очната болница, беше убиен матурантот Ангел Петковски.

Сè започна со кражба на велосипед, потоа брканица која изгледала наивно, сè додека младиот Ангел не бил прободен и по кратко време починал на рацете на својот татко, за што постои и видео-снимка која е дел од доказниот материјал.

Тогаш беше поднесено обвинение против 19-годишникот Насер, кој тврди дека ножот го фрлил на местото на настанот, но оружјето никогаш не беше пронајдено. Насер исто така доби и правосилна пресуда за кражба, а за убиството казната е 14 години затвор од моментот на изрекување на пресудата.

Ештрефи беше осуден за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, па согласно со овој член, и членовите 3, 4, 7, 29, 30, 31, 32, 33, 35 и член 39. По одлуките на првостепениот и второстепениот суд, осудениот Насер Ештрефи преку бранителот Ангел Ѓорѓиев, до Врховниот суд поднесе навремено барање за вонредно преиспитување на правосилната пресуда поради повреда на Кривичниот законик на штета на осудениот од членот 416 од Кривичниот закон. Причина за поднесеното барање, според адвокатот, е тоа што Ештрефи дејствијата ги презел во состојба на афект со висок интензитет, односно во состојба на силна раздразнетост, и неговата реакција била во заштита на неговиот телесен и психолошки интегритет. Осудениот дејствијата ги презел во состојба на пречекорување на нужна одбрана, која е факултативна основа за поблаго казнување. Понатаму, не е утврдено постоењето на умислата, како облик на вина, т.е. субјективниот елемент за постење на битието на делото. Во барањето се предлага тоа да се уважи, првостепената и второстепената пресуда да се укинат и предметот да се врати на првостепениот суд на повторно судење и одлучување. пишува МКД.мк.

Поради ова е одобрена реконструкција на настанот, за да може да се согледаат сите факти и причини во врска со настанот. Оваа реконструкција може да влијае врз крајната пресуда од оваа кривична постапка.

loading...

Останати вести

Инспекторите времено затвориле шест локали за непочитување на мерките

admin

Интересен факт: Очилата ја намалуваат шансата за заразување со коронавирус

Elena Daskalova

Што сè треба да знаете за Телеграм како апликација?

Elena Daskalova