Connect with us

Економија

Завршува времето на евтини кредити – предвидуваат банкарите

Завршува времето на евтини кредити. Каматните стапки се на историски најнсико ниво во моментов насекаде во светот.

Глобалниот финансиски пазар има вишок ликвидни средства што веќе ги тера Централна европска банка и американскиот ФЕД да почнат да влечат потези за намалување на ликвидноста. Тоа значи зголемување на каматите, а Македонија нема да биде исклучок од овој процес.

Според НБРМ, македонските банки се стабилни. Во првиот квартал од годината нивната добивка бележи стапка на раст од над 9% споредено со истиот период лани, стои во извештајот за ризиците во банкарскиот сектор објавен денеска. Растот доаѓа во период кога банкарските активности се намалени и заради сезонските фактори, но и заради политичката криза. Во првите три месеци од годината, депозитите минимално се намалиле.

Растело кредитирањето на населението, но помала била поддршката на корпоративниот сектор. Очекувањата се дека пазарот ќе се стабилизира, а претсвниците на странските банки во земјава сметаат дека Македонија има потенцијал.

Тековите на финасиските пазари во земјава и глобално беа тема на денешниот состанок на инвестоторите во организација на Спаркасе банка членка на Ерсте групацијата.

Ова е петти по ред ваков состанок кој се организира во земјава. Врз основа на распрвата која се води на овие состаноци, инвеститорите потоа ги влечат следните потези и носат инвестициски одлуки.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно