Connect with us

Економија

СДСМ: Проблемот со „Колска“ е наследен од претходната влада, а сега е во фаза на решавање

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на Марјан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ во врска со фабриката „Колска“.

„Лицемерното ВМРО-ДПМНЕ во очај и страв од пораз на изборите продолжува да шири лажни вести. Лажна вест е дека Владата го игнорира проблемот со фабриката за шински возила „Колска“, инаку наследен од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кој со години стоеше нерешен.

Вистината е дека Владата донесе повеќе одлуки и проблеми е во фаза на решавање, вработените од „Колска“ наскоро ќе добијат уште една од заостанатите плати, а истовремено се работи на изнаоѓање трајно решение за фабриката.

Владата предводена од СДСМ, на последната седница, даде насоки „Колска“ да го заложи имотот во корист на Управата за јавни приходи, за да може долгот да се репрограмира и да профункционира сметката, а фабриката ќе добие и 15 милиони денари, односно околу 250 000 евра за потребите на тековното работење, со што ќе се исплати и дел од заостанатите плати.

ВМРО-ДПМНЕ со години ги игнорираше проблемите на граѓаните и истите или ги игнорираше или пак ги злоупотребуваше. За разлика од таквиот игнорантски однос, Владата предводена од СДСМ активно ги решава долгогодишните проблеми на граѓаните и продолжува со спроведувањето на зацртаните реформи што носат подобар стандард, нови работни места, и живот за сите“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно