Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Груевски: ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани ќе оствари убедлива победа

ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани ќе оствари силна и убедлива победа и повторно за градоначалник на општината ќе се избере Цветомир Угриновски, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, од митингот вечерва во Вевчани.

-Во оваа кампања гледам дека работите одат онака како и што можев да ги предвидам, во кампањата на нашите опоненти гледам само гнев, омраза, омаловажување и некое лажно ветување, а она што ние го зборуваме како во минатото така и денес се конкретни проекти кои ќе ги направиме за граѓаните и, се разбира, отчет за сработеното. Освен што слушаме навреди и омаловажувања, нашиот опонент нуди нешто што е општо, нуди живот како ние сите да сме мртви или нуди воздух како да го немаме или, пак, енергија. Она што е карактеристично за овој период е тоа дека многу криминалци се пуштија од затворите токму пред изборите, а тоа укажува дека станува збор за опоненти што се слаби, уплашени и што знаат дека по регуларен пат ќе загубат и се обидуваат со вакви криминални структури да променат нешто. Она што ќе им го порачам е дека на овој начин тие не само што ќе загубат, туку и ќе се изрезилат пред целата јавност, рече Груевски.

Тој рече дека според неговите информации, по локалните избори планот на новата Влада е правење бегалски кампови по должината на јужната граница и подоцна да се раселат во целата земја и да им се најде работа и да им се дадат државјанства.

Во обраќањето Груевски рече дека локалната самоуправа во Вевчани во изминатите четири години направила колку што никогаш во оваа општина не било направено.

-Со сите мерки за привлекување нови инвеститори и отворање нови работни места значително се намали невработеноста во Република Македонија, се отворија над 173.000 нови работни места. Во Вевчани во 2006 имало 298 вработени лица, а на крајот на 2016 има 566 вработени лица. Во последните десет бројот на вработени лица е зголемен 90 проценти овде во Вевчани. Во Вевчани изградивме нова училишна зграда, со површина од 2.450 квадратни метри, во вредност од 65 милиони денари“, изјави Груевски.

Кажа дека се изградени и спортска сала, тениско игралиште, комплетно е уреден просторот околу училиштето „Страшо Пинџур“. Груевски напомена дека во Вевчани сега и нема неасфалтирана улица, дека се реконструирани мостовите во општината, реконструирана била фонтаната, која е атракција за туристите.

-За пензионерите од Вевчани во просториите на општинската зграда изграден е дневен центар за стари лица. Исто така, се отвори и младински центар, кој припадниците на помладата генерација од Вевчани го користи за социјални, културни и едукативни настани. Целосно е реконструирана и детската градинка во Вевчани“, изјави Груевски.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно