Connect with us

Актуелно

Обвинение против дедото на Тамара за обидот за убиство на Тодоров

Дедото на починатата Тамара од Велес, 57- годишниот Љупчо Стојановски кој на 1 јуни пукаше во екс министерот за здравство, Никола Тодоров, од Основното јавно обвинителство – Скопје доби обвинител акт

Тој се товари за две кривични дела – убиство од член 123 во врска со член 19 и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик. Заедно со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење опасност од бегство на обвинетиот и опасност од извршување на истото кривично дело.

Инцидентот се случи на 1 јуни годинава. Според она што го кажал пред полицијата, дедото на Тамара дошол утрината сам во Скопје.Кај себе имал повратен билет за Велес. Кажал дека тој напрвин го чекал Тодоров дома. Но, ексминистерот не се појавил. Потоа дошол пред Министерството за здравство и веднаш кога му се појавил пред очите, почнал да пука кон него. За среќа, Тодоров не беше повреден.

Мајката на починатото болно девојче од Велес рече дека револтот во семејството е голем, но дека никогаш не помислила дека татко ѝ ќе посегне по животот на ексминистерот Тодоров од кого семејството и јавноста бараа одговорност за смртта на Тамара. Таа почина чекајќи Фондот да ѝ одобри средства за операција во странство.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно