Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Груевски: Атмосферата во која се одвиваат овие избори е лоша и непријатна

Атмосферата во која се одвиваат овие избори е исклучително лоша и непријатна. Веќе сме четврти ден, а зад нас има многубројни инциденти, нерегуларности, злоупотреби, за жал, од вчера и пукање и ранети луѓе и навистина тоа е многу загрижувачко во однос на одржување фер и демократски избори, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на заедничката прес-конференција со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, и претседателот на словенечката СДП, Јанез Јанша.

-На средбата со Орбан и Јанша информирав и за злоупотребите што се прават од страна на владејачката гарнитура во правец на секојдневно пуштање кривични пријави на нашите кандидати за градоначалници, со цел да го нарушат нивниот имиџ, пракса што ја започнаа еден ден откако ја објавивме листата на кандидати за градоначалници. Од тој ден па наваму, безмалку секој ден има по една кривична пријава за некои од нашите градоначалници, што укажува на неколку работи. Прво, укажува дека нашите опоненти се свесни дека ќе ги изгубат овие избори. Второ, дека се многу исплашени поради сето тоа и, трето, дека во паника спасот го бараат во неколку нефер средства и преку нерегуларни средства. Тоа прави една лоша атмосфера во земјата и тоа не е добро во однос на создавање една фер атмосфера за фер и демократски избори, рече Груевски.

Сепак, додаде тој, и покрај тоа, ние сме убедени дека граѓаните, мнозинството, доверба ќе ѝ ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ од повеќе причини.

-Прво, затоа што имаме далеку подобри и покомпетентни кандидати за градоначалници. Второ, затоа што во овие четири месеци граѓаните во Македонија се уверија и ја видоа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашата коалиција и владеењето на Социјалдемократскиот сојуз и нивната коалиција. Видоа како ја злоупотребуваат власта, како не ги исполнуваат ветувањата што ги дадоа пред луѓето, како одат директно спротивно на волјата на граѓаните и како ја уриваат економијата во земјата преку разни начини, а еден од начините е искажувањето непожелност на странските инвеститори во Република Македонија. Сите економски показатели во последните четири месеци се исклучително лоши. И тие се само огледало на она што се случува во економијата, односно на третманот на економијата од страна на новата Влада, т.е. нејзиниот однос кон економските субјекти, особено странските инвеститори, рече Груевски.

Тој рече дека ги информирал Орбан и Јанша, како што рече, и за огромниот притисок со кој се соочени медиумите во Македонија, судиите во судовите, администрацијата и странските инвеститори.

-Јас сум убеден дека ова помрачување што се случи во Македонија по локалните избори ќе почне да заминува, а ќе заврши конечно со предвремени парламентарни избори, на кои на власт ќе се вратат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија, рече Груевски.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно