Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Темелковски вети гасификација на Кисела Вода

Филип Темелковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ, денеска ги презентира проектите од програмата за локален економски развој и економска промоција на капацитетите на општина Кисела Вода.

-Во нашата програма клучен сегмент од економската промоција зазема гасификацијата. Со гасификацијата на општина Кисела Вода сите потенцијални инвеститори, и домашни и странски, ќе добијат евтин енергент. Понатаму, преку локалниот економски развој планираме соодветна промоција и учество на сите економски саеми како меѓународни така и домашни за промоција на нашите економски зони што се на територијата на општина Кисела Вода, вели тој.

Темелковски додаде дека во план е и подобрување на патната инфраструктура. „Со добра патна инфраструктура ќе бидеме атрактивна општина за нашите инвеститори. Под локалниот економски развој планираме и доедукација на потребен кадар кој е дефецитарен во нашата општина преку месните и урбаните заедници. На крајот би сакал да говарам малку и за младинската невработеност. Кисела Вода има огромна младинска невработеност. Како нова локална власт, ќе го преземеме проектот од централно ниво за младинската гаранција, каде што секој млад човек по неговото завршување на образование ќе има неколку можности. Општината ќе помага за отворање нови бизниси и поддршка на бизнис-идеи и проекти. Второ, пронаоѓање соодветна работа според образованието на нашите млади личности и, трето, доедукација на младите за полесен и поконкурентен настап на пазарот на трудот, додаде тој.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно