Connect with us

Актуелно

Игор Југ доби нови 30 дена притвор

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 на Игор Југ му одреди нова мерка притвор во период од 30 дена за настаните во Собранието на 27 април поради постоење опасност од бегство, попречување на истрагата и можност за повторување на кривично дело.

Покрај сомнението дека бил еден од водачите на толпата за време на упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, Игор Југ е осомничен и за неовластено поседување оружје.

-Предлогот е поднесен бидејќи од досега прибавените докази од страна на Основното јавно обвинителство – Скопје произлезе дека покрај за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик, постои основано сомнение дека осомничениот преземал дејства како водач на толпа во врска со случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април годинава, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Од страна на надлежниот јавен обвинител донесена е наредба за спроведување на истражна постапка за кривично дело учество во толпа што ќе изврши кривично дело од членот 385 став 3 од Кривичниот законик за што е пропишана казна затвор од 1 до 10 години.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно