Connect with us

Актуелно

(ВИДЕО) Шилегов: Ќе ги охрабриме младите да отворат нови работни места

Вработување за младите, нова инфраструктура, нови спортски центри и училишта, како и подобрување на постоечкте, кои се веќе на територијата на градот Скопје вети кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов на средба со граѓаните во Бутел.

-Младите во Бутел, Скопје и Македонија ќе имаат значајно место во општественото живеење, за разлика од досега, кога беа игнорирани, запоставени и заборавени. Вие помладите, сте нашата иднина. За вас работиме и создаваме. За младинските политики и образованието, но и институциите на културата ќе формираме младински совет составен од претставници на младинските организации, учениците и студентите. Вложуваме во младите, отвораме центри за започнување и развој на бизниси и стимулирање за отворање на слободни работни места, рече Шилегов од Бутел.

Шилегов најави дека преку т.н. младински хабови младите добијат поддршката од градот,а новите фирми кои тие ќе ги формираат ќе бидат ослободени од комуналните такси.

Кандидатот за градоначалник на општина Бутел, од редовите на СДСМ и коалицијата, Велимир Смилевски, изјави дека ќе бидат реализирани многу проекти за младите, согласно нивните потреби, а програмата е креирана врз основа на потребите на граѓаните на Бутел.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно