Connect with us

Актуелно

НДМ: Бесплатен паркинг околу пазарите, субвенции за користење на тезгите без надомест

Кандидатите на Народно движење за Македонија за градоначалник и советници на Град Скопје во рамките на изборната кампања, денес, сабота, 30.09.2017 остварија средби со продавачите на зелените пазари во Скопје.

Во изјава за медиумите претседателот на НДМ, д-р Јанко Бачев рече:

„Кандидатите на Народно движење за Македонија за градоначалник и носителот на листа за Скопје, Ѓорги Тодоров и Стојан Блажевски, на средби со продавачите на зелените пазари во Скопје се запознаа со нивните проблеми. Ние бевме запрепастени од тоа што го слушнавме, посебно од два моменти, прво, дека општина Центар бескрупулозно ги краде продавачите на тезгите со поставување рампа и наплаќање на паркинг за продавачите и купувачите на пазарите, како и со високиот надомест што го наплаќа за тезгите фирмата „Скопски Пазар„. Оттука, нашите кандидати за градоначалник и советници за Скопје доколку ја добијат довербата, уште на првата седница ќе предложат две мерки, прво, веднаш ќе бидат тргнати рампите и паркингот околу пазарите ќе биде бесплатен, и второ, ќе има субвенции за продавачите на зелените пазари во Скопје и тезгите ќе ги користат без надомест“.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно