Connect with us

Македонија

Одложена расправата за „Поткуп“, судот ги прифати снимките кои протекоа на „Јутјуб“ како доказ

Судењето за случајот „Поткуп“ во кој обвинет е премиерот Зоран Заев се одложи бидејќи судијката Дијана Груевска Илиевска била на боледување.

Но, на Заев како обвинет му беше соопштена една клучна информација, а тоа е дека снимките кои протекоа од неговиот кабинет во времето кога беше градоначалник на Струмица ќе се користат како докази во судскиот процес.

Со оваа одлука, Кривичниот суд практично го одби барањето на Заев за изземање на видео снимките како доказен материјал.

Тој во изјава за медиумите рече дека докрај ќе ја тера правдата и на ова решение ќе пушти жалба до Апелациониот суд во наредните три дена. Посочи дека одговорноста за протекување на снимките е во обвинителството под водство на сега разрешениот обвинител Марко Зврлевски.

Инаку според информациите на „Сакам да кажам“, снимките биле објавени од странство но со скриена ИП адреса, што значи дека е невозможно да се утврди кој ги објавил. Заев вели дека снимките не се интегрални и се монтирани и тој не ги поседува. Доколку целосно бидат пуштени тогаш ќе се открие дека тој не бара поткуп и не е замешан во криминал.

Снимката беше објавена во март 2015 од страна на анонимен корисник и се уште стои на „јутјуб“ каналот.

На снимката наводно се слуша разговор меѓу градоначалникот на Струмица Зоран Заев и еден бизнисменот Иван Николов кој сега се јавува како оштетен во постапката. На видеото се слуша како наводно Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација во Струмица.

Тој од самиот старт тврдеше дека процесот е монтиран од неговиот политички противник Никола Груевски уште додека беше премиер. По овој процес Заев како градоначалник на Струмица изјави дека поднел кривична пријава против бизнисменот Иван Николов-Сачевалиев за лажно пријавување и нудење поткуп.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно