Connect with us

Економија

Билал Касами вети економски инкубатори и училиште во Мала Речица

Кандидатот за градоначалник на Тетово од БЕСА и лидер на партијата, Билал Касами, пред жителите на Мала Речица го претстави проектот за изградба на училиште и проектите со кои како што рече, ќе се подобрел животот на граѓаните.

Касами истакна дека преку технолошки паркови и економски инкубатори ќе ја развива економијата во општината.

Економските инкубатори, подразбираат дека оние што имаат идеи, особено печалбарите, ќе дојдат тука, а сите административни и правни постапки ќе им ги завршат луѓе ангажирани од општината. Доволно е само тие да дојдат со своите идеи. Ќе имаат гарантирана канцеларија. Ќе имаат гарантирани постапки. Доволно е тие да продолжат со развојот на нивниот бизнис, појасни Касами, додавајќи дека ваквите поволности ќе важат за период од три години со надеж дека потоа отворените бизниси ќе бидат успешни и ќе немаат потреба од поддршка од општината, рече Касами.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно