(ВИДЕО) Заев: ВМРО-ДПМНЕ ги пакува куферите, во нив е и новата ера и новата далавера

Лидерот на коалицијата „За живот“ и премиер на Македонија, Зоран Заев вечерва во Куманово изрази оптимизам дека градот ќе го добие Максим Димитриевски за градоначалник уште во првиот круг.

– Верувајте штом е тука и мојата сопруга Зорица Заева и таа сака да биде на оваа победничка атмосфера. Има една тажна вест, но не за вас туку за Груевци. ВМРО ДПМНЕ е поделена,ги пакуваат веке куферите а во нив е и новата ера и новата далавера, им порача Заев на Кумановци.

– На финансиски урнисана држава за три ипол месеци донесовме социјални и економски мерки за подобар живот. Ја исправивме неправдта со стечајците. Никој нема да плака радио дифузна такса, граѓаните плаќаат даноци од нив ке се одвојува за МТВ кој мора да биде независен и да биде сервис на граѓаните, рече Заев и ги истакна и другите мерки што влдата што тој ја предводи направила во 100 те денови власт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *