Времето денеска: Сончево со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, а на повеќе места повремено ќе биде значително облачно.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурите ќе се движат од 7 до 22 степени.

Од утрово следува период на сончево време со умерена облачност. Утрата ќе бидат свежи, а во текот на денот ќе биде потопло со температури кои се околу просекот за овој период од годината. Услови за слаб локален дожд ќе има во среда, кога ќе дува и умерен северен ветер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *