Connect with us

Спорт

Милевски го објави списокот за дуелот со Србија: Тие се фаворит, но ние покажавме дека имаме квалитет

На списокот се Елиф Елмас и Никола Ѓорѓев од А репрезентацијата кои ќе бидат во младинскиот состав само за мечот против Србија.

Селекторот Благоја Милевски има високо мислење за селекцијата на Србија, но верува во својот избор.

„Играме натпревар против една од најквалитетните репрезентации во групата, според мене фаворит за пласман на ЕП 2019, противник кој има интернационалци од најсилните лиги, мора да влеземе максимално подготвени и сконцентрирани на овој меч. Системот на игра на Србија во однос на Европското првенство не е сменет. Има неколку играчи од тој состав кои се уште се дел од тимот. Тука се Јовановиќ, Грујиќ и Гајиќ, но ќе видиме со каков состав ќе настапат против нас“ – вели Милевски.

„Македонија покажа квалитет во изминатиот период, се надевам така ќе биде и против Србија, а потоа и против Гибралтар. Ѓорѓев и Елмас ќе ни бидат на располагање на првиот дуел, а потоа, ќе ги ослободиме поради обврски во А репрезентацијата. Првпат со нас е Душан Ѓорѓев, голман кој ни доаѓа од САД и настапува за Оклахома. Повикани се вкупно 22 фудбалери кои верувам максимално ќе одговорат на новиот предизвик кој ги очекува“.

Дуелот со Србија ќе биде втор натпревар од квалификациите за Македонија, нив ги почнавме со убедлива победа од 3-0 против Ерменија и тоа на гостински терен.

Првиот тренинг репрезентацијата ќе го има на 1. октомври во 14:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“. Официјалниот тренинг пред мечот е на 5. октомври. Влезниците за натпреварот Македонија – Србија се веќе пуштени во продажба преку мрежата на mktickets и чинат 150 денари.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно