Connect with us

Спорт

Бускетс: Јас сум Каталонец, ама уште долго ќе играм за Шпанија

Фудбалерот Серхио Бускетс не го поддржа соиграчот од националниот тим и од Барселона Жерар Пике околу ставот за независност на Каталонија и порача дека уште долго ќе игра за Шпанија.

Букетс кој е роден Каталонец индиректно го критикуваше Пике.

– Посветен сум на фудбалот и веројатно тоа е подобро отколку да пишувам на Твитер. Секој од нас мора разумно да се однесува, алудирајќи на честите постови на Твитер од Пике за независноста на Каталонија.

Бускетс додаде дека поминува низ тешки моменти во кариерата поради политичката состојба во Шпанија.

– Тешка и чудна е ситуација. Немавме никаков состанок, а мислам дека Рамос и Пике не разговараат. Тешко дека ќе се реши ова прашање со Пике, изјави шпанскиот репрезентативец.

На крајот Букетс изрази надеж дека уште долго ќе настапува за националниот тим со кок има европска и светска титула.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно