Connect with us

Актуелно

Судот не му го врати пасошот ниту на Мијалков

Барањето на поранешен шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, за враќање на одземената патна исправа, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го одби како неосновано.

„Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница, и мерката, Обврска на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот – Остануваат на сила“, информираат од Судот.

Вчера, Судот го одби и барањето на екс-премиерот Никола Груевски за враќање на пасошот.

Груевски и Мијалков во барањата навеле декаа пасошите ги бараат оти им требале за службени патувања во странство.

На Мијалков му беше одземен пасошот на 2 јули на барање на Специјалното јавно обвинителство, како еден од обвинетите во случаите „Таргет“ и „Тврдина“, кои што се споени во еден предмет.

СЈО сметаат дека „не се променети околностите“, за да им се вратат пасошите, коишто им беа одземени како гаранција дека тие нема да побегнат од земјава по поднесените обвиненија за нив.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно