Connect with us

Актуелно

Јанева: Се сомневаме дека Панчевски местел предмети и оддавал службени тајни

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и обвинителката Ленче Ристоска заедно со двајцата истражители кои беа со нив го напуштија Кривичниот суд. Обвинителката Јанева кажа дека тие вршеле претрес во канцеларијата и во домот на експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски и кај уште две лица.

Таа појасни дека се работи за предистражна постапка, а обвинителството се сомнева дека Панчевски местел кои судии ќе ги судат предметите на СЈО и оддавал службени тајни на лица кои не се од судот. Истражителите на СЈО ги одзеле сите потребни документи и податоци од личниот компјутер на Панчевски.

Додека траеше претресот на СЈО, во судот пристигна адвокатот Димитар Дангов, кој неофицијално е еден од адвокатите на Панчевски.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно