Иниеста ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог

Иниеста ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог

Референдумот за независност на Каталонија е главма тема во Шпанија, па неизбежно е своето мислење да го дадат и фудбалерите.

Тензијата се почувствува и во шпанската фудбалска репрезентација, каде играат неколку Каталонци, меѓу кои најгласен поддржувач на референдумот е Жерар Пике.

Своето мислење за ситуацијата сега јавно го кажа и капитенот на Барселона, Андрес Иниеста, кој ги повика Шпанија и Каталонија на дијалог.

„Никогаш не сум сакал да зборувам јавно за толку комплексни ситуации, но сега живееме во исклучителен момент. Нешто мора да биде јасно пред да се направи повеќе штета – дијалогот е способен да надмине секакви проблеми. Сите заслужуваме да живееме во мир“, напиша Иниеста, кој не е етнички Каталонец, но целата кариера ја помина во Барселона.