Connect with us

Забава

Се оженил 120 пати и има 28 деца

Тајланѓанецот Тамбон Прасерт е можеби единствениот човек кој досега стапил во брак дури 120 пати и има 2 деца. Со ова, тој поставил нов рекорд по број на венчавки.

Прасерт, којшто живее во тајландската провинција Накорн Најок, неодамна признал дека нелегално се оженил со повеќе од стотина жени. Тој сепак своето признание го направил под притисок, откако локалните новинари ја дознале таа информација.

58-годишниот политичар и претприемал признал дека се оженил со повеќе од 100 жени ширум земјата, и дека со нив добил дури 28 синови и ќерки. Тој и додал дека првата сопруга ја оженил со само 17 години.

– Првиот брак го започнав со 17 години, а мојата прва сопруга беше две години помлада од мене. Заедно имавме три деца. Потоа започнав да стапувам во брак и со други жени. Сите беа претежно девојки помлади од 20 години, бидејќи не сакам постари, тие премногу се караат, изјавил Прасерт.

Но што и да помислите за него, Прасерт, на некаков начин, во секој свој брак излегува дека е вистински џентлмен, со оглед на тоа дека секоја негова сопруга е добро информирана за тоа дека пред неа тој имал и уште неколку бракови и дека и после неа и понатамупланира да се жени.

– Сите мои жени ги почитувам подеднакво. Кај секоја од нив најпрво ги прашувам родителите за одобрување, во рамките со нашите обичаи и традицијата. Сите тие беа присутни на нашите венчавки, додава Прасерт.
Неговата последна сопруга, сепак, е повозрасна од сите претходни. Нејзиното име е Нам Фон и таа има 27 години.

Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Актуелно